Летен камп за млади
Во рамки на Твининг програмата со Црвен крст Телемарк-Норвешка, претставниците од одделот на млади при Црвен крст на град Скопје, беа дел од летниот камп за лица со попреченост на островот Харалдвиген . Истиот е традиционална активност и се организира секоја година. Деновите на младите беа исполнети со многу забава, кајакарење, маскембал забави, прошетки, возења со чамци, организан риболов како и посета на најголемата зоолошка градина во Норвешка во градот Кристијансанд. За време на кампот, младите од двете организации имаа можност да разменат искуства со акцент на работа со лица од оваа категорија.
Во рамките на посетата покрај состаноците се оддржа и средба во Fratelli hus, место каде младите од Норвешка имаат состаноци но и различни креативни работилници. Катчето претставува простор каде младите имаат одлична можност за меѓусебно дружење и разменување идеи.