Пребарувај по датум:
2024-08-23

Летен камп за млади

Од 18 до 21 август во Струга, центар Солферино се оддржа младински камп за младите од 5-те Општински организации на Црвен крст во Скопје. Истиот беше организиран во соработка со невладината организација Roma Rock School. На кампот присуствуваа млади од двете организации, а целите беа промоција на волонтерство, стоп на насилството помеѓу младите, култура како систем од вредности, промоција на активен пристап кон живот и промоција на музиката.

За време на кампот сите младинци имаа можност да свират различни инструменти но и заеднички да напишаат песна за хуманоста, другарството и солидарноста. Песната ќе биде снимена и ќе остане како трајна вредност за едно преубаво поминато време исполнето со многу знаења, искуство и пракса.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.