Пребарувај по датум:
2017-08-24

Летен камп Харалдвиген, Норвешка 2017

(Твининг проект)

Во периодот од 6.08 до 12.08 тројца волонтери и две лица од стручната служба на Црвен крст на град Скопје учествуваат на летен камп за деца со посебни потреби кој се одржа на островот Харалдвиген, Норвешка. Деновите поминати на кампот беа исполнети со многу интересни активности како прошетки со чамци и риболов на отворено море, посета на соседен остров, кајакарење, посета на најголемата ЗОО градина во Норвешка во градот Кристијансанд, маскембал и боење на лица, танцување, тобоган, капење во море, мали олимписки игри… Оваа година, со свечена вечера и прием за гости, кампот одбележа 50 години од изградба на истиот, а во посета на настанот беше и г. Свен Молеклеив- претседател на Норвешки Црвен крст, со кого имавме можност да поразговараме за придобивките од Твининг проектот.

Убаво поминатото време и заедничките активности се одличен начин за размена на искуства за работа со оваа категорија лица. Активноста е дел од Твининг програмата која Црвен крст на град Скопје ја реализира со Црвен крст Телемарк -Норвешка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.