Летен камп
Во периодот од 17-21 јуни, во Тренинг центарот „Солферино“ – Струга, Црвен крст на град Скопје го организираше традиционалниот летен камп за лицата од Украина кои се со привремен престој во нашата земја. На кампот учествуваа 20 деца со придружба на еден родител, како и волонтери од Клубот на млади на ЦКГС, психолози и преведувач.
Од страна на стручниот тим и волонтерите реализирана беше програма која содржеше многубројни активности за децата (сликарска работилница, работилница за рачни изработки, рекреативни активности и сл.), додека за возрасните се одржаа неколку работилници за ПСП.
Нескриено беше задоволството и радоста кај децата и возрасните кои имаа одлична можност да се запознаат, дружат, разменат искуства, да си дадат поддршка едни на други и секако да заминат побогати со уште едно позитивно искуство .
Активноста е реализиран како дел од проектот поддржан од Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.