Пребарувај по датум:
2020-05-19

Курс за спасители на затворени води

Курс за спасители на затворени води

Црвениот крст на град Скопје-Центар за безбедност на вода соогласно своите програмски активности стартува со организирање на Курс за спасители на затворени води.

Курсот ќе започне на 01.06.2020 во Скопје. Теоретскиот дел на курсот ќе се одржи во ДХО “Даре Џамбаз” а практичниот дел во Олимписки базен-Скопје.

Заинтересираните кандидати задолжително треба да поседуваат лекарска потврда за нивната здраствена состојба (од матичен лекар, или потврда од спортска мед.)

Краен рок на пријавување е 31.05.2020 по електронски пат на маил, skopje.katastrofi@redcross.org.mk

Поради прогласена вонредна состојба во нашата земја, Центарот го задржува правото на промена на термин за одджување на курсот, за што навремено би биле информирани.

За дополнителни информации, слободно можете да не контактирате.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.