Пребарувај по датум:
2019-12-13

Курс за анализа на хуманитарни информации

Курс за  анализа на хуманитарни информации

Во периодот од 05.12.2019  до 09.12.2019 во Милано, Италија се одржа петдневен курс на тема “Анализа на хуманитарни информации”, во областа на катастрофи организиран од страна на Меѓународна Федерацијата на Црвен крст и Црвена полумесечина (ИФРЦ). Курсот имаше за цел да обезбеди алатки за процена на методи кои се користат за собирање податоци, анализирање информации од терен и донесување одлуки засновани врз резултати, со цел да се изгради посебен акционен план. На овој курс учество зеде претставник од Црвен крст на град Скопје, заедно со претставници од повеќе Национални друштва од Црвен крст на Италија, Шпанија, Португалија, Данска, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Јордан, Белорусија, Шведска, Сирија, Шри Ланка и Австралија.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.