Пребарувај по датум:
2012-10-04

Крводарителска акцијана 05.10.2012 год. Тоше Фан клуб

Црвен крст на град Скопје по трет пат во соработка со Тоше Фан Клуб Форумот организираше крводарителска акција на 05.10.2012 година ( петок) по повод последниот концерт во живо на Тоше Проески во Скопје.

Оваа година крводарителската акција се одржа во просториите на Фондацијата „Никола Клусев„ во Скопје од 10:00 до 18:00 часот.
Хуманоста на големиот Тоше Проески ја следаат и граѓаните на градот Скопје но и на цела Македонија.
Својата хуманост на тој ден ја покажаа 363 граѓани со тоа што даруваа дел од своето тело, дел од својата драгоцена течност која спасува нечиј живот.
Дарители на оваа акција се претежно млади лица кои влегуваат во големото семејство на хуманите луѓе.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.