Крводарителска акција во спомен на Тоше Проески
Традиционално, на 25.01.2015 година, по единаесети пат беше организирана голема крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден.
Црвениот крст на град Скопје, Општинската организација на Црвен крст Центар, Институтот за Трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот, а поддршка дадоа и волонтерите од Клуб 25. На крводарителската акција своите препознатливи цвеќиња на мирот и хуманоста ги изработуваше и подари на присутните г. Живко Поповски Цветин.
Акцијата се реализираше на 25 јануари (недела) во холот на Дом на АРМ во периодот од 10:00-17:00 часот и на истата крв даруваа 389 крводарители. Од нив 95 дарители (24%) беа првократни дарители, а 270 (69%) беа млади дарители до 35 години.
Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин. Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески започна во 2010 година и од тогаш, традиционално, два пати во годината (Октомври и Јануари) истите се реализираат во негова чест. До сега, на овие 11 акции , својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале околу 3 000 крводарители.