Пребарувај по датум:
2016-01-26

Крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Традиционално, на 25.01.2016 година, по дванаесети пат беше организирана голема крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден.

Организатори на крводарителската акција беа Црвениот крст на град Скопје, Црвен крст Гази Баба, Институтот за Трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот, а поддршка дадоа и младите мотиватори од Клуб 25. Своите цвеќиња на мирот и хуманоста на дарителите ги подаруваше уметникот Живко Цветин.

И оваа година, акцијата се реализираше во холот на Дом на АРМ, а на истата крв даруваа 517 лица,  од кои 125 лица за прв пат даруваа крв. Акцијата ја посети и балканската музичка ѕвезда Жељко Самарџиќ кој се заблагодари на крводарителите кои токму во спомен на Тоше на овој ден даруваат крв.

Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески започна во 2010 година и до сега, на овие 12 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале околу 4 000 крводарители.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.