2016-11-16
Крводарителска акција во соработка со Амбасадата на САД во Македонија
На 14 септември, Црвен крст на град Скопје по осми пат ја организираше традиционалната крводарителска акција и собирна акција за прехранбени продукти во соработка со Амбасадата на САД во Р. Македонија.
Акцијата е иницирана со цел одбележување на трагичниот настан од 2001 година и со цел поттикнување на хуманоста и општествена одговорност како кај вработените во амбасадата така и кај партнерите и соработниците.
Во сколоп на акцијата беа собрани 320 единици крв што претставува рекорден број на единици крв, собрани на оваа акција. Во реализација на истата беа вклучени волонтерите од ООЦК Чаир како и волонтерите од клуб 25- клуб на млади едукатори и мотиватори во крводарителство. Исто така собрани беа поголеми количини прехранбени продукти, донирани од институции, компании, поединци. Собраната храна понатаму ќе биде пакувана и дистрибуирана за семејства во ризик.
Амбасадорот на САД во Р.Македонија г. Џемс Бејли, генералниот секретар на Црвен крст на Р. Македонија г. Саит Саит и директорката на Институтот за трансфузија г-ѓа Емилија Велкова имаа свое обраќање до јавноста, а г. Бејли и г. Саити традиционално даруваа крв.