Пребарувај по датум:
2017-04-10

Крводарителска акција во Ре-медика

Во пресрет на Светскиот ден на здравјето 7 Април и роденденот на првата приватна општа болница Ре- медика, традиционално и оваа година се одржа крводарителска акција во просториите на болницата. На истата крв даруваат вработените лица, медицинскиот, административниот и техничкиот персонал од Ре- медика, со што поттикнуваат и покажуваат позитивен пример за солидарност и хуманост преку чинот на дарување крв.

Оваа крводарителска акција стана препознатливо обележје за институцијата, која во континуитет вложува во процесот на промоција и унапредување на крводарителството во нашиот град.

Во организација и реализација на крводарителската акција се вклучуваат Црвен крст на град Скопје, Општинската организација на Црвен крст Гази Баба и Институтот за Трансфузиона медицина на РМ.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.