Пребарувај по датум:
2013-01-31

Крводарителска акција по повод роденденот на Тоше Проески

По повод роденденот на нашиот великан Тоше Проески, по трет пат, Црвен крст на град Скопје во соработка со Тоше Фан Клуб Форумот организираше крводарителска акција.

На 25 јануари во Домот на АРМ, истата започна во 10.00 часот а заврши во 18.00 часот.
На крводарителската акција својата хуманост ја покажаа 343 лица.

Дел од нив се повеќекратни крводарители, а дел од нив се млади лица кои за прв пат даруваат крв.

Тие сакаат да станат дел од нашето хумано семејство а при тоа сакаат да чекорат по хуманиот пат кој го трасираше нашиот Тоше.

Традицијата продолжува. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.