КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД
МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ
По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, Клубот на млади на Црвен крст – Шуто Оризари преку Црвен крст на град Скопје, во соработка и поддршка на ЈЗУ Институтот на трансфузиона медицина на Република Македонија на 4 април 2017 година, вторник, во период од 9 – 14 часот организираше Крводарителска акција во просториите на Општина Шуто Оризари.
На акцијата се јавија 30 крводарители, од кои 16 даруваа крв, а 14 лица беа одбиени поради сезонска настинка, висок или низиок крвен притисок, тахикардија и сл.
Пред акцијата Клубот на млади на Црвен крст – Шуто Оризари, оддржа мотивациони крводарителски презентации во СУГС Шаип Јусуф, ОУ Браќа Рамиз Хамид и во Општината Шуто Оризари за вработените. Исто така беше информирано и локалното население преку флаери и плакати.
Настанот беше медиумски покриен од МТВ – ромската редакција и ТВ Шутел.