2012-07-30
КРВОДАРИТЕЛИТЕ ТРИУМФИРАА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ОД 1963
Вкупно 240 крвни единици беа собрани на 26 јули на традиционалната крводарителска акција која Црвениот крст на град Скопје ја организира по повод катастрофалниот земјотрес кој го пторесе Скопје во 1963тата година.
Крводарителската акција се случи во Домот на АРМ од 09-17 часот, период во кој крводарителите и покрај осоебно високите температури можеа да ја покажат хуманоста на дело.
Броејќи 49 години во чест на денот на солидарноста, крводарителите направија чекор напред во унапредувањето на крводарителството во Р.Македонија кое се темели на принципите на доброволност и анонимност.