Пребарувај по датум:
2008-06-26

Креативна работилница за накит

Црвениот крст на град Скопје, во соработка со НВО Без граници, Интернационалните училишта Нова, на 19.06.2008 год. учествуваше на креативната работилница за накит во просториите на НВО СУМНАЛ во Т. Поле.

За потребите на оваа работилница беа набавени материјали за изработка на накитот, а децата од дневниот центар Сумнал и младите од ЦК на град Скопје изработуваа најразлични парчиња накит. Истиот се планира да биде изложен за продажба во текот на летниот период, со цел собраните средства од продажбата да се искористат за купување на книги (учебници) за потребите на децата кои го посетуваат центарот.

Оваа работилница беше одлична можност за дружење и размена на идеи и искуства на организации и младите кои беа присутни на работилницата.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.