Пребарувај по датум:
2013-09-12

КОРАБ 2013

На ден 08.09.2013, традиционално како и секоја година по повод Денот на независноста на Македонија, се одржа традиционално искачување на највисокиот врв во Македонија, Голем Кораб 2764m., на коешто учевствуваа околу 2000 граѓани.

Од страна на Тимот за спасување на планина на Црвен крст на град Скопје, беа испратени 5 спасувачи кои беа распоредени на два пункта, од кои едниот беше поставен на половина од патеката, а вториот на самиот врв, каде што на планинарите им укажуваа неодложна прва помош.

Имаше околу 40 полесни интервенции , од  кои најчести беа болки во мускули и зглобови, дехидратација, сунчаница, каснувања од инсекти и неколку потешки од типот на исчашување на зглоб, истегнување на мускул  за кои беше неопходен транспорт со наше теренско возило по тежок непристапен пат до самиот старт.

Според позитивните коментари и од учесниците и од организаторот, можеме да бидеме задоволни и горди како професионално си ги завршивме нашите обврски и се надеваме дека и идната година ќе бидеме повикани да обезбедуваме манифестација со ваков карактер.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.