Пребарувај по датум:
2021-06-24

Копче – SIEC настан

Социјалното претпријатие Копче се приклучи на проектот и иницијативата “ Биди подготвена за успех” и даде своја поддршка на Центар за интеграција и поддршка на граѓани ЦИП ( SIEC social integration and  empowerment center ), чија цел е заеднички да се подигне свеста кај граѓаните за потребата од развој на одговорни потрошувачки навики и  промовирање на концептот на етичкиот консумеризам.

За време на настанот посветен за зајакнување на жените и подигање на свеста за етичкиот консумеризам, го презентиравме концептот, целите, како и мисијата и визијата на Копче и го споделивме нашето досегашно искуство. Разменувајќи идеи за солидарност на граѓаните во регионот, потенцирајќи ги темите за подигнување на свеста за одговорно донирање и одговорно трошење, настанот го означуваме со прашањето:

–  Дали можеме заеднички да ги смениме стереотипите за облека од втора рака и да продолжиме со поддршката на маргинализираните групи граѓани преку промовирање на етички консумеризам?

Започнуваме со мали, но значајни чекори.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.