2018-02-06
Конкурс за сертифицирана обука за негувател/ка на стари и немоќни лица
Црвен крст на град Скопје распишува конкурс за сертифицирана обука за негувател/ка на стари и немоќни лица. Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 15.02.2018 до 30.03.2018 година. Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: skopje.starilica@redcross.org.mk ; тел. 070 352 246 или во просториите на Црвен крст на Република Македонија на бул. „Кочо Рацин“ бр. 13, 1000 Скопје.