КОНКУРС за обука за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Врз основа на верификација на посебната програма за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје распишува:
КОНКУРС
за обука за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 17.08.2020 до 31.08.2020 година.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се државјани на Р. С. Македонија;
- Да имаат над 18 години;
- Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
- Да имаат завршено минимум основно образование;
- Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица, и лица со попреченост;
- Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен крст на град Скопје – Нега Центар.
Напомена: Обуката за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил:skopje.negacentar@redcross.org.mk ; тел. 070 352 246 .
Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.