2023-08-30
КОНКУРС – за обука за Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 30.08.2023 до 13.09.2023 година.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се државјани на Р. С. Македонија;
- Да имаат над 18 години;
- Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
- Да имаат завршено минимум основно образование;
- Да бидат мотивирани за работа со лица, со Алцхајмерова болест;
- Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен крст на град Скопје – Нега Центар.
Напомена: Обуката за Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест е сертифицирана. Истата се спроведува од Црвен крст на град Скопје, во соработка со Швајцарски Црвен крст. Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил:
- skopje.negacentar@redcross.org.mk;
- тел. 070 352 246
Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.