Пребарувај по датум:
2015-02-16

КОМФИ АНГЕЛ СО ПОДДРШКА ВО ПУНКТОТ ЗА БЕЗДОМНИЦИ

Како резултат на одлична партнерска соработка на Црвениот крст со реномираната компанија „Комфи Ангел“ произлезе уште една заедничка активност.

Односно донација на оваа компанија која е наменета за корисниците на Пунктот за бездомници во Момин Поток. Донацијата се состои од 40 перници, 40 јоргани, и 10 вреќи за спиење кои ќе бидат соодветно користени во привременото прифатилиште за бездомници. Прифатилиштето згрижува привремено бездомни лица во услови на екстремно ниски температури и лица во тешка здравствена состојба во текот на целата година. Истото има капацитет да згрижи 20 лица во исто време кои покрај топол кревет и бања добиваат и редовни оброци.
По повод донацијата, на 13ти февруари Пунктот за бездомници го посети директорката на „Комфи Ангел“, г-ѓа Ирена Јакимовска која се запозна со работата на Црвен крст во овој сегмент на работење.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.