2019-10-03
КОГА ГИ БРОИШ ЧЕКОРИТЕ А НЕ ГОДИНИТЕ
1ви октомври Светскиот ден на старите лица Црвн крст на град Скопје го одбележа со хуманитарно матине. Во МКЦ Клуб ресторан околу 90 лица танцуваа танго, роке‘н рол и сведочеаа за желбата на старите лица да волонтираа. Танцуваа и креираа фонд за поддршка на самохран родител. Активното стареење беше ставено во функција на филнатропија и доброволна служба. Оваа активност се реализираше преку социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање поддршка во домашни услови“ а се промовираше и Нега центарот на Црвен крст на град Скопје.