Пребарувај по датум:
2008-10-06

Клуб на млади-И покрај се можеме!

Црвениот крст на град Скопје- клуб на млади, оваа година ја започнуваат имплементацијата на проектот за Промовирање на еднаквост кај младите преку едукација за надминување на предрасуди, стереотипи и конфликтите причинети од остоење на различности, како и градење на тимски дух, финансиски поддржан од фирмата ПрицеЊатерхоусе Цооперс .

Во периодот од 26-28.09.2008 год. во центарот на Црвен крст на град Скопје Солферино се одржа работилница за 20 млади луѓе на тема ненасилна комуникација и човекови права. Учесниците беа во мешан состав и тоа 10 мали од клубот на ЦК на град Скопје и по 2 претставника од Домот за деца без родители 11 Октомври, СОС детско село, Сојуз на студенти со хендикеп, Училиште за слепи лица Д. Влахов и младинскиот бегалски комитет (баратели на азил во РМ).
По завршувањето на обуката ќе следат креативни работилници на младите од клубот во институциите кои се учесници на обуката. Од тие работилници ќе бидат изработените фотографии ќе се направи календар кој ќе прати порака до пошироката јавност за тоа дека заедно младите луѓе и покрај сите различности можат многу… Сето ова ќе биде пропратено и со финална изложба за да се допре и до пошироката јавност.
Особено важно е што овие млади луѓе по завршување на проектот ќе можат активно да волонтираат во Одделот на млади при Црвен крст на град Скопје што индиректно ќе допринесе за социјална инклузија на маргинализирани млади.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.