2012-03-29
Клуб 25 во посета на Транфузиологија
Во склоп на активностите на Клуб 25 на Црвен Крст на Град Скопје беа одржани две посети на Институтот за Трансфузиона Медицина со цел да волонтерите од клубот подобро да се запознаат со патот на крводарителот и даруваната крв.
Посетите беа одржани на 02 и 21.03.2012 година
Посетите беа одржани во соработка со Др.Горан Андонов кој на волонтерите и при двете посети им ја објаснуваше целата процедура на крводарување,обработка и чување на крвта,како и давање таму каде што е најпотребна.
На крајот на посетите волонтерите заедно со докторот дискутираа за сето она што го видоа,што научија и што претходно знаеја и за тоа дека се задоволни од целата соработка и пополнуваа анкетни листови.