Пребарувај по датум:
2015-12-14

Kампања против употребата на пиротехничките средства за време на празниците

По повод  Новогодишните празници   СВР –Скопје, Сектор Превенција  во соработка со Црвениот крст на град Скопје, ја започна кампањата Среќна и безбедна 2016 година  во семејно и пријателско дружење.

Целта на симулацијата е “Зголемување на општата безбедност  за време на Новогодишните и Божикните празници”.Да се упати апел до родителите да работат со своите деца, да укажуваат на последиците, да влијаат на подигање на свеста.

Симулациската вежба беше  спроведена во просториите на СПУ Јахја Кемал  на која на учениците им беа реалистично прикажани: oтсечени прсти и оштетен вид и укажување Прва помош при вакви повреди.

Слични симулациони вежби ке бидат  прикажани и во уште 4 средни и основни училишта на територија на град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.