2023-10-31
Кампања: Кој си ти? – Избери пријателство, сподели добрина! – Современата технологија во функција на хуманоста
Црвен крст на град Скопје организираше интерактивна камапња во East Gate Mall, за сензитивизација на населнието и сузбивање на ксенофобија кон мигрантите и лицата во движење.
Кампањата е показател за ставање на современата технологија во функција на хуманитарните активности односно т.н. VR 360 видео во кое гледачот е ставен во прво лице на мигрантот односно бегалецот и стереотипизацијата со која се соочуваат. Оваа активност е поддржана од страна на Швајцарскиот Црвен крст.