Пребарувај по датум:
2017-09-27

Камапања за подигнување на свеста за потребите на лицата со оштетен вид

Проект: ,,Проeкт на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“

Имплементатор на Центар за поддршка на лица со оштетен вид: Црвен крст на град Скопје

            Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се изработуваат ЦКА-ПХВ проекти за добробит и помагање на заедницата. Лицата со оштетен вид се обучуваат и мотивираат да помагаат и изработуваат мали проекти за помош на загрозеното население. Децата со оштетен вид поминаа низ неколку едукативни работилници, при што се стекнаа со обука како да станат активни и хумани членови на општеството.

Дел од секојдневните проблеми и потешкотии со кои се соочуваат децата со ошететен вид во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ е соочување со граѓани кои несоодветно ги шетаат своите миленичиња во училишниот двор. За таа цел од 15ти до 21ви септември се реализира камапања во училиштето за информирање на граѓаните да не ги шетаат своите миленичиња во училишниот двор. На овој начин, се мотивираат лицата со оштетен вид да ги изнесат своите проблеми и потешкотии со кои секојдневно се соочуваат и да допрат директно до населението, подигајќи ја јавната свест за нивните потреби.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.