2018-02-20
“Јахја Кемал” дел од ПХВ програма
Од оваа година и училиштето “Јахја Кемал” е дел од ПХВ приказната. Иако и до сега младите од ова училиште беа вклучени во програмата преку свои градови каде живеат, од оваа година на нивно барање програмата е прилагодена за нив и нивните потреби. Од нивна страна веќе е назначен дисеминатор кој ќе ја мотивира и поддржува својата група, а се реализираа и двете обуки, за дисеминација и како се изработуваат мали проекти. Ученици во текот на следната недела ќе ја проследат и третата обука, како да ги документираат малите проекти и потоа во период од 2 месеци ќе бидат на терен, ќе истражуваат, организираат и ќе креираат проекти од областа на социјално хуманитарна дејнсот, грижа во заедница како и на полето култура.