ИЗВЕШТАЈ – НЕДЕЛА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА
По повод одбележувањето на неделата на хигиенизација 08 – 15 Април, на 15.04.2015 година во Центарот за поддршка во образованието и заедницата на бегалците и барателите на азил во Шуто Оризари, Скопје беше одржана едукација за основните поими на хигиенизацијата како и статистички податоци на светско ниво поврзани со темата.
Едукацијата беше реализирана од страна на вработено лице од стручната служба на Црвен крст на град Скопје на која активно учество зедоа 32 ученици и младинци од заедницата на бегалците на возраст од 12 до 22 години. Едукацијата беше интерактивна со поставување на прашања од страна на слушателите и давање свои размислувања поврзани со темата и секојдневниот живот на слушателите. На крајот од едукацијата на сите присутни им беа поделени пакетчиња со производи за одржување на личната хигиена.