Изработени 184 мали проекти
Во месец мај се сумираат резултатите во рамките на програмата ЦКА-ПХВ.
Минатиот викенд, од 06-08 мај во Струга се реализираше подготвителна работилница на која учествуваа 20 инструктори од целата земја и имаа за цел прегледување, оценување, евалуирање на малите проекти кои беа изработувани во период март-април. Софтверој кој е изработен специјално за документирање на малите проекти беше отворен до 29 април. Оваа година се изработени 184 мали проекти за доборобит на заедницата од страна на 1.193 учесника од сите ООЦК. Овие младинци имаат поминато унифицирана обука од страна на ПХВ инструктори и од страна на своите дисеминатори. Избрани се учесници кои имаат најоргинални идеии, оние кои направија трајни промени, оние кои посветија најмногу волонтерски часови на терен за да креираат промени во својата заедница за да учествуваат на двете финални работилници кои исто така ќе се реализират во месец мај. Оваа година младите од Битола градат куќа за социјално загрозено семејство, младите од Гостивар комплетно реновираа тоалет во градската болница во Гостивар-одел за деца, младите од Гази баба направија говорна апликација за лица со оштетен слух и говор во случај на животно загрозувачка ситуација, младите од Шуто оризари симулираа животни професии на децата од улица со цел поттикнување на образованието, младите од Охрид запишаа едно дете во училиште и многи, многу други нешта.
Програмата ова година е поддржана преку програмата на Civika mobilitas.