Изложба на поштенски марки
По повод 45 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје Црвениот крст на град Скопје организираше изложба. Истата се реализираше во рамките на активностите на градот Скопје по повод овој ден во соработка со Црвениот крст на Р. Македонија и Филателистичко друштво “Картофил”.
Изложбата се состои од поштенски марки коишто Црвениот крст на Р. Македонија ги издавал од 1992 година, година од која функционираме како Независно Национално друштво на Движењето на Црвениот крст и Црвената Полумесечина.
На поштенските марки се презентирани различни мотиви со цел промоција на вредностите на Црвениот крст и ги следат неделите коишто ги одбележува Црвениот крст секоја година. Изложбата имаше за цел да им се доближи на граѓаните како и постоечките и идните волонтери преку промовирање на нашата работа преку овој несекојдневен и различен настан. Оваа изложба, како дел од останатите три поставки во музејот, беше свечено отворена на 25.07.2008 г. од страна на директорот на оваа институција, во присуство на повеќе гости од земјава и странство кои ги погледнаа сите поставки.