2019-07-16
Искористување на вишоци на храна
50 лица изминатиот период добиваат топол оброк преку иновативното решение на „Сите сити – Ајде Македонија” со поддршка на Црвен крст. Храната е свежо подготвена во Здружението за деца со посебни потреби „Дама- ел”, дел од намирниците се пазарни вишоци, а дел се набавуваат.
Освен доставување на храна за бездомниците во Момин поток коешто се прави секоја среда изминатиот период „Сите сити –Ајде Македонија” пилотира модел за дистрибуција на прехранбени пакети до социјално загрозените граѓани во Скопје. Исто така, волонтерите на Црвен крст, двапати во неделата дистрибуираат топол оброк за 10 стари лица во нивните домови.
Програмата е поддржана од страна на Фондот за иновации и технолошки развој на нашата земја.