Искачување на голем Кораб 2008
По повод денот на независноста на Република Македонија, по покана на Планинарското друштво Кораб, тимот за спасување на планина на ЕОК на ЦКРМ учествуваше во обезбедување на меѓународната планинарска акција Искачување на голем Кораб 2008 год.
На оваа меѓународна манифестација учествуваа околу 1700 луѓе од кои 400 лица беа учесници од други држави.
За време на искачувањето до врвот на голем Кораб помош за разни повреди од тимот за спасување на планина побараа околу 200 лица, меѓу кои и неколку сериозни повреди (проблеми со срце, скршеници), како и проблеми со крвниот притисок.
Тимот покрај тоа што ги згрижи сите повредени, во регионалниот ЦУГ на Скопје и Тетово пријави 3 пожари, и на крај ја очисти патеката од врвот до базата.
На манифестацијата присуствуваа и преставници на АРМ, Министерство за екологија, Министерство за здравство, ЦУК, Министерство за земјоделие, Агенција за млади и спорт и др.