Пребарувај по датум:
2025-04-28

Интеркултурна медијација за бездомни лица

Со поддршка на ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје, во периодот 25-27.04, реализирана беше тридневна обука на тема ,,Интеркултурна медијација“.

На обуката која се реализираше во Тренинг центарот „Солферино“ во Струга, учествуваа волонтери од Црвен крст како и студенти од катедрата за Социјална работа и социјална политика, Педагогија, Психологија и 1 студент на Медицински науки, кои се запознаа со работата на Црвениот крст со маргинализирани лица – бездомници. 

Обуката се реализира со цел : 

Стекнување знаења, ставови и вештини за разбирање на потребите на маргинализираните лица кои потекнуваат од различни социјални, културни и религиозни среднини.

Промовирање на општествената инклузија на бездомните лица , корисниците на услуги на пунктот за бездомници 

Во наредниот период, обучените млади, преку волонтерска и практична ангажираност во Пунктот ќе го олеснат процесот на обезбедување услуги од социјален, здравствен и административен тип со институциите на системот.

Aктивностa e во рамки на проектот „Засилување на здравјето, пристапот, учеството и социјалната еднаквост во земјите на Западен Балкан“ финансиран од Австриското Федерално Министерство за Труд, Социјални Работи,Здравство, Грижа и Заштита на потрошувачите преку Австриски ЦК.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.