2020-02-25
Интелигентно стареење
Во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при ЦКГС во дневниот центар за стари лица во ДХО Даре Џамбаз на 21.02.2020г. се реализираше предавање на тема „Интелигентно стареење” со Дафина Николовска. Целта на ова предавање е да се поттикне свеста на лицата во трето доба за активно и здраво стареење. Предавањето ќе се имплементира два пати месечно во Дневниот центар за стари лица.