Пребарувај по датум:
2017-08-10

„Инклузијата не е илузија“

Како резултатат на соработката на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид на Црвен крст на град Скопје со училиштето „Димитар Влахов“ двајца волонтери од Црвениот крст беа присутни на младинска размена во Поронин, Полска. Младинската размена беше иницијатива на полската фондација „ТАК“ и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и поддржана од Еразмус+, која имаше за цел да направи инклузија меѓу лицата со оштетен вид и лицата со типичен развој, а покрај тоа да се разменат искуства помеѓу младите учесници од Полска и од Македонија.

            Во текот на семинарот имаше различни видови на активности прилагодени за лица со оштетен вид. Дел од активностите беа од спортски и забавен карактер, театар на импровизација и часови по танц.

Размената се одвиваше во Поронин, Полска, од 23 јуни до 1 јули, на истата имаше вкупно 44 учесници од Полска и Македонија.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.