2019-09-24
Информативен пункт-деменција
На 21.09.2019 по повод светскиот ден на Алцхајмеровата болест во периодот од 12:00 до 14:00 часот, Црвениот крст на град Скопје учествуваше со свој пункт на плоштадот Македонија на кој заинтересираните граѓани можеа да се информираат за сервисите за стари и немоќни лица, но и да закажат бесплатен скининг за деменција. Бесплатниот скрининг е овозможен со поддршка од Шпаркасе банка. Настанот го организираше Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, а беше посетен од претставници на повеќе организации, активисти, како и првата дама Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска.