#IChooseToReuse
Здружувањето на колективниот постапувач Нула Отпад ДОО Скопје со Црвен Крст на град Скопје и СОС Детско село Македонија е со главна цел намалување на отпадот и реупотреба на стари, а сепак исправни апарати за домаќинство.
Целта е да се подигне свеста за придобивките од селектирањето и реупотребата на користени и исправни апарати. Црвен крст на град Скопје и СОС Детско село ќе овозможат пристап до социјално загрозените лица кои имаат потреба од уреди за домаќинство кои се сеуште во употреба.
Граѓаните може да се јаваат на ЕКО ЛИНИЈАТА 070 236 000 и преку целиот систем ќе овозможиме апаратите да стигнат исправни и во функција до семејствата кои имаа потреба од вакви апарати.
Со иницијативата, гипоттикнуваме сите кои се грижат за здрава и чиста животна средина и кои сакаат да им помогнат на други семејства да се јават на ЕКО линијата.
Нула Отпад води грижа за правилно управување со отпадот и споведување на три основни начела : реупотреба, намалување и рециклирање !
Поддржи го и ТИ нашето мото,
#IChooseToReuse