Пребарувај по датум:
2008-04-15

Иако сум мал и јас знам Прва помош.

Во рамките на проектот Иако сум мал и јас знам прва помош (ПП во градинките),на ден 11.04.2008 година (петок) во 10:30 часот во Дом на АРМ беше организирана завршната манифестација.

На самата манифестација, како финализација на проектот, учествуваа сите градинки кои беа опфатени со проектот со по една изведба (танц) од самите деца.
Од секоја ООЦК учествуваа по две градинките и тоа:
Срничка и Весели цветови од ООЦК К.Вода
Братство и 11 Октомври од ООЦК Чаир
Детска радост и 25 Мај од ООЦК Г.Баба
Кочо Рацин и Р.Ј.Корчагин од ООЦК Центар и
Мајски цвет и Распеана младост од ООЦК Карпош.
На завршната манифестација настапија вкупно 265 деца од гореспоменатите градинки.
По завршување со настапот, секое дете добиваше мало мече како подарок од Црвен крст на град Скопје кое воедно беше и маскота на самиот проект.
На крај сите деца заедно ја пееја химната на нашиот драг Тоше Проески Македонија навива за вас.
Црвен крст на град Скопје за сите децата од градинките имаше организирано превоз до Дом на АРМ и назад.

На самата манифестација беа присутни, родители, медиуми, претставници од ЦК на Република Македонија, ООЦК на град Скопје  и други гости.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.