Хуманост е…
Кога си студент и кога ќе добиеш домашна платежна картичка и кога ќе си речеш, дома сум, со родителите сум, имам се што ми треба, средствата од картичката ќе ги подарам на некој на кој му се потребни повеќе од мене. Хуманост е кога ќе подариш на некој кој е барател на азил во нашата земја, некој кој е од Авганистан, некој кој се обидува да се снајде и некој кој се надева на добрината на луѓето далеку од неговата родна земја. Хуманост денеска се вика Ребека, бидејќи таа му купи велосипед на нашиот пријател од Авганистан за да може да стасува од една до друга локација. Инаку тој е волонтер во редовите на Црвениот крст и помага при преведување од персиски јазик на нашите мобилни тимови кои им помагаат на мигрантите и бегалците кои транзитираат низ нашата земја. Добро со добро се враќа.