Хуманитарна забава во Р.Ј. Корчагин
На 10.06.2008 во свечената сала на средното училиште Раде Јовчевски-Корчагин се одржа хуманитарна забава организирана од страна на клубот на млади на Црвениот крст на град Скопје.
На концертот учество земаа големи музички имиња како Ноне, Елена Петреска, Андријана Јаневска, Бени, Дани и неколку бенда од Корчагин. На забавата присуствуваа ученици од училиштето кои со секоја купена карта донираа средства за потребите на децата со оштетен вид. Неизбежно е да се спомене дека на забавата присуствуваа децата од државното училиште за рехабилитација на деца со оштетен вид “Димитат Влахов” од Скопје кои вистински уживаа во програмата и веселбата која им ја приредија младите и естрадните ѕвезди. Забавата траеше речиси два часа, а сите пари кои беа собрани од неа ќе бидат искористени за потребите на училиштето за рехабилитација на деца со оштетен вид “Димитар Влахов” од Скопје.