Хуманитарна дипломатија во секојдневното работење
Во Струга, Центар „Солферино“ се одржа втората работилница за оваа година на тема Хуманитарна дипломатија во рамките на Движењето на Црвен крст и црвена полумесечина. Истата беше организирана од страна на ИФРЦ -кластер делегација Сараево. На работилницата покрај претставниците од Црвениот крст на РСМ учествуваа преставници од Црвен крст Бугарија, Албанија и Црна Гора. Свое обраќање имаше и потпреседателка на Црвен крст на РСМ Др. Лилјана Ристевска како и Марија Кристенсен шеф на кластер канцеларијата на ИФРЦ во Сараево.
Секретарот на Црвен крст на град Скопје-Сузана Т. Пауновска, имаше презентација за успешни примери на кризниот менаџмент на Црвен крст на РСМ токму преку хуманитарна дипломатија.
Преку вежби, работа во групи, мапирање и примери се работеше на развивање на стратегии и иницијативи за хуманитарна дипломатија во секојдневното работење на Националните друштва.