Хуманитарен појадок за бездомниците
Денеска 09.09.2016(петок) со почеток од 09:30 часот во прсториите на Пунктот за бездомници во Момин Поток на Црвен крст на град Скопје, се реазлизираше хуманитарно-волонтерска активност од старите лица за бездомниците.
Во чест на прогласувањето на скопјанката Агнеза Гонџа Бојаџиу во Светица Мајка Тереза, лицата во трето доба кои волонтираат во Црвен крст на град Скопје организираа појадок за бездомните лица кои го посетуваат Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје. Оваа активност претставува поврзување на две програмски активности на Црвениот крст на град Скопје т.е. програмата за лица во трето доба, каде се поттикнува тие да негуваат активно стареење преку волонтерски активности и пунктот за бездомници кои функицонира секој вторник и петок за бездомниците во градот Скопје.
Пунктот за бездомници е поддржан од страна на Град Скопје, а програмата за лица во трето доба покрај Градот Скопје е поддржана од Австрискиот Црвен крст, компанијата ЕВН Македонија и Даути компанијата.