Пребарувај по датум:
2011-02-10

Хуманитарен концерт „Љубовни ноти 3”

Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје годинава по трет пат го реализира хуманитарниот концерт под наслов Љубовни ноти 3.

Концертот ќе се одржи на 14.02.2011 год. (понеделник), во 18:30 часот во големата сала на ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ.
На концертот ќе НАСТАПУВААТ УЧЕНИЦИ И ВРАБОТЕНИ ОД ДМБУЦ ,,ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ,, И СТУДЕНТИ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ кои ќе изведуваа познати нумери.
Гости на истиот ќе бидат пејачи од македонската сстрада кои за овој концерт ќе ги донираа нивните музички цедиња.
Влезот за концертот ќе биде бесплатен, а сите оние кои ќе бидат присутни на настанот ќе имаа можност да донираат преку поставените касички со знакот на Црвен крст, преку купување на рачно изработени срциња, украсни свеќи како и други предмети изработени од волонтерите.
Собраните парични средства ќе бидат наменети за децата од училиштето , Алија Авдовиќ, -с.Елово.
ЗА ПОДЕДАТЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПРОГРАМАТА КЛИКНЕТЕ ТУКА

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.