Пребарувај по датум:
2022-09-06

Хуманитарен базар на книги

Корисниците од дневните центри за стари лица од социјалниот сервис “Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” на Црвен крст, организираа хуманитарен базар под мото ,,Купи книга, подари среќа”. Покрај книгите, се продаваа бележници за книги изработени од корисниците на центрите.

Ова беше одлична можност да се покаже дека:

  • книгата нема рок на траење;
  • треба да се сподели она што повеќе не ни е потребно;
  • корисно е да се усреќи лице кое e во социјален ризик;

Лицата во трето доба важат за позитивен пример во заедницата. Тие со својот ентузијазам и желба да бидат активни, се присутни на секој хуманитарен настан, а често пати и самите се иницијатори!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.