Пребарувај по датум:
2017-09-15

HEALTH EXPO 2017

Работилница за здравствена превенција на Мировен Корпус и Црвен крст на град Скопје

Во периодот од 29-31.08.2017 во центарот за едукација Солферино, Струга се реализираше првиот по ред т.н. HEALTH EXPO семинар за здравствена превенција на Мировниот Корпус и Црвен крст на град Скопје. На истиот, учество земаа 30тина учесници од клубовите на Мирвниот Корпус од целата држава. Учесниците имаа можност да научат на интерактивен начин за превенција од NCD’s(некомуникациски болести), ХИВ и СИДА, канцер и прва помош. Исто така, беше реализирана и сесија за психо-социјална поддршка на млади. Овие млади се запонзаа малку повеќе со мисијата и активностите на Црвен крст преку дисеминациска сесија и непосредна комуникација со претставниците на Црвениот крст. Сесиите беа спроведени од страна на обучени предавачи доктори и присхотерапевт од Црвен крст и НВО од Св.Николе. Успешната работа од оваа одина ветува создавање на традиција во следните години.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.