Грижата почнува во домот
Секретарот на Црвениот крст на град Скопје-Сузана Тунева Пауновска, градоначалник на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и потпишаа договор со кој се обезбедува грант за развивање на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, која ќе ја реализира Црвениот крст на град Скопје на територијата на Општина Гази Баба.
Преку оваа услуга ќе се обезбедува конкретна помош и поддршка за лицата кои, поради возраста, здравствената состојба, попреченоста или други животни околности, имаат потреба од помош во секојдневното функционирање во сопствениот дом.
„Помош и нега во домот“ не е само социјална услуга, туку конкретна поддршка и грижа за лицата на кои им е потребна помош во секојдневното функционирање
Со ова партнерство се прави уште еден чекор кон зајакнување на социјалните услуги и создавање заедница во која грижата и поддршката се достапни за сите на кои им се потребни.
