2018-03-22
Грижа за заедница
Со донација обезбедена преку Црвен крст на град Скопје, членови на Мобилен тим Липково, во текот на вчерашниот ден во подрачното ООУ “Браќа Рибар” во с. Сопот, извршија примопредавање на мебел наменет за училиница, при што беа донирани девет клупи и осумнаесет столчиња.
Учениците и наставниците од тоа село каде честопати се сретнуваат бегалци и мигранти, изразија благодарност за донацијата, како и благодарност што неколку социјално ранливи семејства од селото добија помош во вид на храна и хигиена од страна на Мобилниот тим.