2011-12-30
Грижа за стари лица во домашни услови
Во пресрет на Новогодишните празници, на социјално загрозените и изнемоштени стари лица во проектот „Грижа за стари лица во домашни услови“
им беше доделена помош во храна и хигиена.
Дел од лицата беа посетени од страна на заменик Амбасадорот г-дин Brian Aggeler, PAO Angela Aggeler, and APAO Brian Bauer и Секретарот на Црвениот крст на град Скопје кој им посакаа најубави желби во новата година.
Поделената помош беше собрана во заедничка акција на Црвениот крст и Американската амбасада која беше организирана на 12 Септември по повод сеќавањето на жртвите од 11 Септември.