Пребарувај по датум:
2022-08-24

Граѓанско на дело-Од училница во акција

Црвен крст на град Скопје беше присутен на конференцијата “Граѓанско на дело-Од училница во акција” организирана од страна на МЦГО. На истата учествуваа наставници и ученици од повеќе училишта низ земјата кои имаа можност да се презентираат преку иницијативи организирани во своите училишта. За учениците, кои беа повеќе од стотина, беше организиран пристап учиме преку “Жива библиотека” преку кој преставници од десетина организации имаа можност да ги презентираат своите активности наменети за младите. Црвен крст на град Скопје имаше свој штанд со промотивни материјали, и по принципот на брза кратка дисеминација,  на учениците им беа дадени основни информации за организацијата, полиња на дејствување, но и можности за волонтирање.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.